Научниците само што почнаа да ја сфаќаат огромната низа здравствени проблеми предизвикани од новиот корона вирус, од кои некои може да имаат долготрајни ефекти врз пациентите и здравствените системи за наредните години, тврдат лекарите и експертите за заразни болести.
Покрај респираторните проблеми што ги оставаат пациентите да се мачат да земат здив, вирусот што предизвикува Ковид-19 напаѓа многу органски системи, во некои случаи предизвикувајќи катастрофално оштетување.
„Мислевме дека ова е само респираторен вирус. Но излезе дека тој оди по панкреасот. Тој оди по срцето. Тој оди по црниот дроб, мозокот, бубрезите и другите органи. Ние не го ценевме тоа на почетокот“, рече д-р Ерик Топол, кардиолог и директор на институтот во Ла Хола, Калифорнија.
Во меѓувреме, д-р Хелен Салисбери од универзитетот Оксфорд напиша за британскиот медицински журнал:
-Ако некогаш трчавте 5 км три пати неделно, и сега се чувствувате без здив после еден чекор, или ако постојано кашлате и сте премногу исцрпени за да се вратите на работа, тогаш постои можност дека можеби никогаш нема да ја повратете силата и претходното здравје.
-И покрај тоа што повеќето симптоми на корона вирусот се решени за две или три недели, се проценува дека 1 од 10 лица има продолжени симптоми – вели д-р Салисбери.
Покрај респираторната болка, пациентите со ковид-19 можат да доживеат нарушување на згрутчување на крвта што може да доведе до мозочен удар и екстремно воспаление кое напаѓа повеќе органи.
Вирусот може да предизвика и невролошки компликации кои се движат од главоболки, вртоглавица и губење на вкус и мирис до збунетост.
Затоа, закрепнувањето може да биде бавно и нецелосно со големо влијание врз квалитетот на животот.