Италијанската полиција ја истражува смртта на поранешната натпреварувачка на Мис на светот, Лајла Да Коста.
Нејзиното тело е пронајдено во домот во Болоња во понеделникот.
24-годишничката работела како модел во италијанскиот регион Емилија-Ромања.
Колегите се загрижиле кога оваа недела не се појавила на работа. Се претспоставува дека доживеала срцев удар, иако локалните власти сè уште не ја потврдиле причината за смртта.
Да Коста работела за агенцијата „Face Models“. Сопственичката на компанијата, модната дизајнерка Фатима Лопес, ја опишала Коста како ‘неверојатна’.
„Никогаш нема да ја заборавиме нејзината нежност, љубезност, понизност, одлучност и професионализам“, објавено е во збогувањето со младата манекенка.
Инаку, Лејла била избрана за Мис на светот на Гвинеја Бисао, а на модната недела во Париз прошетала на 19 години.