Поранешниот македонски фудбалски селектор Мирсад Јонуз во следната сезона ќе биде тренер на албанската Влазнија од Скадар. 57-годишниот Јонуз во петок ќе го потпише договорот со екипата која настапува во албанската Суперлига.
Мирсад јонуз од 2003 до 2009 годин беше селектор на младата фудбалска репрезентација на Македонија, а од 2009 до 2011 и на најдобриот национален тим. Јонуз беше тренер и во Победа, Работнички и во кипарскиот Неа Саламис.
Тој до пред неколку дена беше на посета на Доха на покана на Фудбалската федерација на Катар и на „Aspire Akademi“. Посетата на стратегот преставува отварање на вратата за соработка со земјата следниот домаќин на Светското првенство во 2022 година.