На финалето на Формула 1 Гран при во Мајами присуствувале и Мирка и Роџер Федерер. Славниот пар очекувано привлекол големо внимание, а сопругата на славниот Швајцарец била во едно од своите најдобри изданија досега.
Роџер Федерер, кој во јавноста сегa e многу повеќе застапен, отколку кога активно играше тенис, срдечно се поздравил со сестрите Серена и Венус Вилијамс, кои биле дел од многуте познати имиња што присуствувале на настанот во Мајами. Мирка изгледала прекрасно во впечатливо пролетно издание, никогаш повитка. Со нејзиното име во последно време често е застапена и оваа тема.
Сопругата на Роџер Федерер ретко добивала позитивни критики за нејзиниот стил на облекување. Но, сега ги изненади сите со своето издание во Мајами.
Двојката исто така неодамна се појави на Мет Галата во Њујорк, каде славниот тенисер бил копретседавач на настанот.