Федерер самиот изјави дека негов сон е да ја заврши кариерата играјќи заедно со Надал, што и му се оствари, во спектакуларен меч гледан низ целиот свет. На крајот речиси да немаше присутен во арената „О2“ во Лондон што не плачеше, а во солзи беа и најголемите ѕвезди на денешницата крај теренот.
Федерер се расплака како мало дете. Емоциите го скршија и едноставно не можеше да дојде до збор од што липаше на теренот во „О2“ арената. Надал, Ѓоковиќ и останатите тимски колеги од ипата на Европа се обидуваа на го смират, но не успеаја, па доле мораше да се симне неговата сопруга Мирка. Таа во еден момент почна да вика по организаторот да го сопре мачењето на големиот Роџер, по што го гушна и некако успеа да го намали напливот на емоции.
„Не сум тажен што заминувам во пензија. Резултатот не е важен, не можам да сум посреќен од ова што го чувствувам во моментов. Фактот што последниот меч го одиграв со Рафа многу ми значи, благодарност и до сите тениски легенди кои дојдоа денеска на овој голем ден за мене. Искрено посакував да се чувствувам вака кога ќе дојде крајот, да биде славје, а не тага, ви благодарам на сите што го овозможивте тоа. Никогаш не помилував дека може да биде ваква приказна, само сакав само да играм тенис со моите пријатели. Се што следеше беше фантастично и кога би можел да бирам, повторно би направил се исто. Би сакал да им се заблагодарам на фановите, на сите овде во салата, но и ширум светот за поддршката што секогаш ја добивав. Голема благодарност и до семејството, до родителите и до сопругата Мирка, која ми даваше поддршка да продолжам секогаш кога ќе помислев дека е време да престанам да играм“, изјави Федерер со солзи во очите.
Додека швајцарскиот ас ја даваше последната изјава како професионален тенисер, камерите го уловија расплакан и Рафаел Надал, кој изминативе две децении беше неговиот најголем конкурент, против кого одигра неколку епски финалиња на гренслем-турнирите.
https://twitter.com/i/status/1573460881609981957
If there's one thing you watch today, make it this.#LaverCup | @rogerfederer pic.twitter.com/Ks9JqEeR6B
— Laver Cup (@LaverCup) September 23, 2022