Случајните минувачи во Барселона вчера морале да ги тријат очите кога ги виделе поранешниот американски претседател Барак Обама, Мишел Обама и режисерот Стивен Спилберг.
Тие заедно со мноштвото туристи се пробивале низ толпата за да ги посетат некои од најважните знаменитости во градот, секако придружувани од обезбедувањето.
Триото отпатувало во Барселона на концертот на нивниот пријател Брус Спрингстин на Олимпискиот стадион Луис Компанис, кој се одржа вчера вечер.
Семејството Обама, Спилберг и Спрингстин вечерале во ресторанот Амар во хотелот Палас во четвртокот. Вработениот во ресторанот Пол Перело објавил фотографија на која позираат со келнерите и готвачите со натпис: „Задоволствата од оваа работа!
Вчера брачната двојка Обама и Спилберг ги обиколиле некои од најпознатите културни атракции. Маршрутата ги вклучувала базиликата Саграда Фамилија, дизајнирана од Антонио Гауди и Музејот на Пикасо.
Шпанските медиуми објавија дека поранешниот претседател и првата дама се шетале рака под рака во центарот на Барселона опкружени со поголема група чувари. Обама и Спрингстин се сретнале за време на претседателската кампања на Обама во 2008 година.
Во 2021 година, тие беа домаќини на подкаст, кој ја создаде книгата Renegades: Born in the USA.