Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан денеска со неговиот тим пешачел 36 километри, односно, 7 часа, за да стигне до домот на Атиџе Муратова, од „Медена замја“.
“Ја посетивме Хатиџе Муратова, протагонистот на македонскиот документарен филм “Медена земја”, која ги освои срцата на целиот свет со својата приказна и својата љубов кон природата и кон сите живи суштества. Пешачевме околу 36 километри (7часа) од с.Дорфулија до с.Бекирлија каде што живее хероината и каде беше снимен филмот. Низ филмот Хатиџе не учи на изгубените вредности, а гледаме и како алчноста на луѓето ја уништува земјата. Филмот достигна светски успеси, има добиено бројни награди и две номинации за оскар. После нашиот разговор со неа увидовме дека покрај успехот на филмот скромноста, гостопримството и добрината на Хатиџе се неизмерни“, напиша Хасан на „Фејсбук“.
Инаку, Елвин Хасан стана министер во декември 2018 година. Тој е доктор на науки кој ги застапува правата на турската заедница во Република Македонија.