Проф д-р Весна Јаневска, актуелната Министерка за образование доцна синоќа била во посета на Кочани. Во едно од тамошните училишта таа одржала итен состанок со вработените во кочанските училишта, а тема на состанокот била трагедијата што се случи во ноќниот клуб „Пулс“.
Меѓу починатите и повредените има многу ученици во двете средни училишта, а на состанокот исто така владеело траорна атмосфера. Во еден момент на еден од присутните му се слошило и колабирал, а министерката Јаневска прва втрчала и му укажала помош. Таа успеала да му го извлече јазикот за тој евентуално да не се задуши.
Како што е познато Јаневска по професија е доктор и работи на Институт за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје како специјалист патолог и редовен професор.