Минат и Бахреин, сега следуваат вистинските возбудувања

by Тони Зографски

Македонија го совлада Бахреин со 28:23 за максимален ефект по две кола на СП во Германија и Данска. Во натпревар со многу осцилации, без премногу напор ја совладавме незгодната екипа на Бахреин, со тоа што селекторот Гонзалес им даде шанса и на помладите да ја почувствуваат атмосферата во Минхен.

Најдовар стрелец во селекцијата на Македонија беше Кире Лазаров со осум погодоци, додека Кузмановски и Манасков дадоа по четири.

Македонија веќе утре го игра третиот натпревар на Светското првенство, за противник ја имаме селекцијата на Хрватска.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com