Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ вчера на Свети Стефан го жени синот единец Блажо, пренесуваат црногорските медиуми. Младиот бизнисмен се ожени со својата повеќегодишна девојка Милена Поповиќ од Зета, во близина на Подгорица.
Како што пишуваат локалните медиуми Блажо Ѓукановиќ со години има успешна кариера во со бизнис во секторот за енергетика и неговите две компании имаат милионски профити.