Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски како реакција на тоа што ученик од основно не доби стипендија од државата, затоа што победил на натпревар во средно, на својот Фејсбук профил напиша дека во таков случај ако Моцарт беше роден во Македонија ќе му беше забрането да свири клавир на 4 години. Милошоски додава дека Никола Тесла во ваков случај би бил исклучен од меѓуопштински натпревар по физика, а Ајнтшајн немало да добие согласност на 8 години да биде префрлен во гимназија.
-Да беше Моцарт роден во Македонија, министерката ќе му забранеше да свири клавир на 4 години,
Никола Тесла со сличен изговор ќе беше исклучен од меѓуопштински натпревар по физика,
а Ајнштајн нема да добиеше согласност на 8 години да биде префрлен во гимназија, каде по скратена постапка му било признаено целото основно образование, -напиша Милошоски.