За време на операцијата за зголемување на пенисот во Париз, од срцев удар починал милијардерот и трговец со дијаманти, 65-годишниот Ехуд Арие Ланиадо.
Ланиадо бил во приватна клиника во главниот град на Францијакога се случиле компликации во текот на операцијата, кои на крајот се покажале како фатални.
Тој доживеал срцев удар кога во неговиот пенис била вбризгана супстанца, јавиле белгиските медиуми.
Неговата компанија “Омега Диамондс’, со седиште во белгискиот град Антверпен, потврдила дека Ланиадо починал.
“Збогум визионерски претприемнику. Со голема тага потврдуваме дека нашиот основач Ехуд Арие Ланиадо почина”, стои во соопштението од компанијата.