Познатиот американски бизнисмен и инвеститор, Џон Полсон (66) чие богатство се проценува на 4,2 милијарди долари, деновите е во центар на внимание во медиумите од причина што нема врска со неговите бројни успешни работи.
Како што е откриено, тој го изгубил разумот поради 32 години помладата инфлуенсерка и нутриционистка Алина де Алмеида, додека сè уште е во брак.
Тој од 2000 година е оженет со Џени Захарија, романска емигрантка со која има ќерки Жизел и Даниела. По повеќе години среќен живот во луксузна куќа во Менхетен вредна 14,7 милиони долари, Џон минатата година се иселил и започнал заеднички живот со својата нова девојка, тврдат странските медиуми.
Бизнисменот и инфлуенсерката во ниту еден момент не криеле дека се заљубени и среќни, па често се појавуваат заедно на вечери и собири на славните, а често и патуваат.
Иако на раката на Алина сè уште нема прстен, таа смета дека тоа е неизбежно.
„Тој сака да имаме бебе и дефинитивно ќе се венчаме“, изјавила Де Алмеида за пријателите, пишуваат странските портали.
За сè да биде потешко сопругата на познатиот богаташ за разводот дознала од медиумите. Откако Полсон се иселил, медиумите наголемо пишуваа дека тој се разведува од сопругата, за што Џени сè уште не знаела.
„Ја понижи поради тоа што толку брзо започна нова врска. Не беше воодушевена, немаше љубезност. Тоа е крајно непристојно и без малку почит во чест на тоа што го имале“; изјавил извор за медиумите којшто бил близок до поранешната сопруга на милијардерот.