Дека парите можат да ја купат среќата сведочи новата фотографија на Ричард Бренсон, судејќи по коментарите на социјалните мрежи.
Овој милијардер споделил фотографија на која го прегрнува млада девојка со руса коса, без облека, додека сурфаат на брановите.
Фотографијата предизвикала вистинска бура на социјалните мрежи, а коментарите само се нижеле.
„Постар милијардер и млада, убава и згодна девојка – какво клише“, „Ова е доказ дека парите можат да ја купат срeќата“, биле само дел од коментарите кои се појавиле под фотографијата која била објавена на социјалната мрежа X.
Кој е Ричард Бренсон?
Инаку, богатството на Бренсон (74) се проценува на над пет милијарди долари. Тој е британски деловен човек, инвеститор и филантроп. Основач е на деловната група „Virgin“ која е составена од над 400 претприемачи.
Неговиот прв деловен потфат бил на 16 години, магазинот со наслов „Student“. Во далечната 1970 година ја основал фирмата за поштенска испорака на музички плочи, а потоа основал ланец дискографски продавници „Virgin Records“ подоцна попознат како „Virgin Megastors“ .
Тој пред неколку години го започнал градењето на најлуксузниот хотел на Медитеранот којшто има само 29 соби и бил синоним за луксуз.