Репортерката на Си-ен-ен, Џесика Ланг, неодамна започнала да работи од дома, пракса што се воведува во се повеќе новински агенции од целиот свет.
Џесика правеше извештај во живо за коронавирус од кујната. Својат мајка ја задолжила да биде снимател, а на татко ѝ единствена задача – да не излегува надвор од собата додека прави вести.
Но, секако дека нејзиниот татко излегол од соба, и тоа влетал во кадар со подигната маица и гол стомак.
Тоа било шок и неверување за младата репортерка, чиј пренос го виделе милион луѓе ширум светот.
„Ми кажаа да работам од дома, ми кажаа дека сè ќе биде во ред“ – напишала Џесика во видеото кое што го споделила на социјалната мрежа Твитер.