Јутјуб ѕвездата Корина Коф, која на оваа мрежа ја следат речиси два милиони корисници, додека на Инстаграм има речиси 6 милиони следбеници, светската слава ја стекнала благодарение на сексуалните шеги, но и на фактот што е активна во индустријата за игри.
Меѓутоа, очигледно заработката од овие социјални мрежи не и` била доволна, па решила да отвори профил на популарниот сајт „Only fans“.
Како што неодамна открила во една од улогите на нејзиниот пријател и јутјубер Дејвид Добрик, досега на оваа платформа заработила неверојатни милиони долари. На само една фотографија на која ги покажала градите добила 165 илјади долари.
Манекенката и инфлуенсерка минатиот месец отворила профил на оваа мрежа и очигледно го направила вистинскиот деловен потег, барем кога станува збор за профитабилна заработка.
“Заработив повеќе од милион долари за 48 часа. Потоа се коцкав за да прославам и освоив уште 30.000 долари”, рекла атрактивната русокоса.
Таа не сакала да ја открие вкупната сума што ја заработува секој месец, но се чини дека нема никакви финансиски проблеми, со оглед на тоа што неодамна се почастила со ново Ферари вредно 400.000 долари.
И покрај неверојатно високата сума што ја добила за 18+ содржина на „OnlyFans“, често може да се слушнат критики дека на нејзиниот профил нема доволно жешки и провокативни фотографии и дека на некој начин ги мами своите претплатници.
„Не секоја слика ќе биде најлудата што сте ја виделе. Ако не ви се допаѓа мојата содржина, одјавете се. Проклети се сите што се толку напорни и бараат да објавувам одредени работи. Ќе објавувам што сакам и кога сакам. Ако не ви се допаѓа, тогаш одете си“, им порачала таа.