Поранешната Плејбој зајачица Викторија Силвстед, која денес има 48 години, изгледа феноменално, а на нејзиното затегнато тело и завидуваат многу помлади жени. Сепак, она што и го „замеруваат“ е љубовната врска со милијардерот Морис Дабах.
Вообичаено е заљубениот пар често да поминува време заедно на плажа, а овој пат се фотографирани на југот на Франција. И покрај острите коментари од јавноста со кои често се среќаваат, парот покажа дека љубовта е пред се.
Атрактивната Швеѓанка никогаш не ја криела љубовта кон гламурозниот начин на живот, а познато е дека отсекогаш била во врски со богати и влијателни мажи. Многумина би помислиле дека парите се единственото нешто што ја одржувало Викторија со моќни мажи, но нејзината финансиска состојба секогаш била добра.
Викторија е поранешна Плејбој зајачица, а често била во друштво и на озлогласениот Хју Хефнер.
Да потсетиме, Викторија Силвстет е родена во селото Шелефтехамн во северниот дел на Шведска. Има постара сестра и помал брат. Во младоста, таа беше посветена на јавањето коњи и сакаше да стане ветеринар.
Нејзиниот татко бил капитен на локалниот скијачки тим, па таа почнала да скија на петгодишна возраст. Повредата на рамото здобиена за време на натпревар ставил крај на нејзината кариера на 16-годишна возраст. Викторија Силвстед течно зборува шведски, француски, англиски и италијански.