Aмериканката Ејми Елизабета е наречена најскржава мултимилионерка во светот затоа што не сака да троши пари таму каде што „не мора“. Таа не троши повеќе од 1.000 американски долари месечно, иако на ѓсметката има 5.300.000.
Ејми јаде храна за мачки за да заштеди помалку од еден долар на конзерва туна, пишува „Сан“. Ејми Елизабет е од Лас Вегас, а во шоуто „Екстремни скржавци“ што се емитува на ТЛЦ, открива необични трикови за штедење.
Ејми се опишува себеси како „најскржавата милионерка во светот“ затоа што јаде храна за мачки и штеди на комунални услуги. Таа тврди дека сфатила како да заштедат пари на дневна основа.
“Јас го чувам бојлерот исклучен. Ми требаат 22 минути да се загреам доволно за да се истуширам, па го вклучувам секое утро кога ќе се разбудам”, рече таа во емисијата “Нај скржавите милионери”.
Ејми тврди дека овој потег и заштедил 80 долари месечно. Плус, никогаш не купува ништо и со тоа заштедува 200 000 долари.
Дел од нејзината „штедлива“ рутина е да го користи истиот стар сунѓер за садови додека не се распадне и да го користи истиот нож што не го исплакнува под вода.
Куќата ја добила од поранешниот сопруг по разводот, а тој доброволно ја чисти секој месец бесплатно. Овој необичен аранжман го нарекува победа и за двајцата затоа што Мајкл вежба додека чисти и останува во форма.
На редовни службени патувања во Лос Анџелес, таа вози автомобил четири часа, со своето 17-годишно „милениче“ за да заштеди 250 долари на авионски билет. Во една пригода кога нејзиниот автомобил се расипал и механичарите бараале повеќе пари за поправки, Ејми се упатила кон аеродромот и буквално го молела пилотот за бесплатен лет.