Додека Милан Зиндовиќ од Лазаревац работел со децении на Запад и правел куќа во родното село Чибутковица кај Лазаревац, тој не ни помислувал дека еден ден нема да има кој да се грижи за неговиот голем имот.
Тој сега одлучил да им подари две куќи, ресторан со паркинг, складиште, автомобили и камиони, над шест хектари земја и стока на вредни и чесни луѓе, кои се подготвени да работат со него и подоцна сето тоа да го наследат.
„Двапати бев женет и имам деца со првата сопруга која, за жал, почина од најтешката болест. Многу му верував на син ми и му оставив се, но тој падна во големи долгови, без разлика дали се коцкаше или не, нема да зборувам за тоа, но еден ден се спакува со сопругата и децата и остави се зад себе. Тоа беа огромни долгови за даноци и струја, а сето тоа го исплатив. Бидејќи децата сигурно нема да се вратат овде, а јас не немам срце да го продадам сето ова, решив да го подарам на добри и, пред се, вредни луѓе кои нема да дозволат овој оџак на куќата да згасне“, вели Милан за Рина.
Подготвен е да прими семејство под покривот кое ќе ги школува децата од неговата куќа, а подоцна од таму и ќе ги омажи и ожени. Имотот е голем и има многу работа, а кој „ќе ги засука ракавите“ може добро да заработи и добро да живее.
„Сето тоа го стекнав со чесна работа во Франција и Германија, како менаџер и мајстор керамичар. Работата и чесноста се особини кои најмногу ги ценам кај луѓето и затоа немам посебни услови кому ќе му го оставам сето, само тие да бидат луѓе кои ќе помогнат во сите работи. Да го одржуваме домаќинството заедно, а потоа тие самите да го одржуваат. Имотот и домаќинството да останат живи, да не се распаѓаат и да не пропаднат и зараснат во плевел“, искрен е Милан.
Се надева дека среќата ќе го погледне, а дека злобните и мрзеливи луѓе ќе го заобиколат. Затоа што не сака на таквите да им го остави она што го заработил со својата пот во странство.
Извор: курир.рс