Српски граѓани соопштиле како изгледа Милано откако стапија во сила рестриктивните мерки на италијанската влада.
Авионот од Бергамо со 39 патници, вклучувајќи српски државјани, слета на аеродромот Константин Велики во Ниш и веднаш полетал назад. Од 39 патници, десет биле странски државјани, а 29 биле српски државјани.
На странските државјани не им било дозволено да го напуштат аеродромот по претходната одлука на српската влада да забрани влез во Србија за странски државјани кои доаѓаат од загрозените подрачја на коронавирусот.
„Има црвена зона, алармантно е. Никој не ги напушта домовите. Јас зедов две недели одмор наместо во август. Има многу помалку патници на аеродромот, но контролите се исти како порано. Има само повеќе полиција, ништо не е толку поразлично“ , вели еден од патниците што денес пристигнал во Ниш.
Според друг патник, Милано денес е пуст и празен град.
„Дури сега жителите почнаа да сфаќаат колку е сериозна ситуацијата и се придржуваат кон правилата на Владата“, додава тој.
Странските државјани кои биле во авионот биле вратени назад за Италија со лет околу 15 чаот и ова е последниот авион што заминал од аеродромот во Ниш за Италија, ако се има во предвид дека летовите кон таа земја и Швајцарија се прекинати како мерки против коронавирусот.
Во Италија има ограничено движење, смее да се оди само на работа и лекар. Забранети се сите јавни собири, вклучително и свадби и погреби.