Грчката полиција ги тргна лежалките и чадорите за сонце од плажите на монденскиот грчки остров Миконос. Овој потег ги изнервира газдите на рестораните и сметаат дека ова е голем удар за туризмот на островот а особено за гостите кои претходно имаат резервирано лежалки за престојното лето.
Миконос деновиве изгледа бедно, бидејќи најпознатите плажи на островот Псарх, Орно и Плати сеуште не работат.
Претходно, газдите на познатиот ресторан на Миконос, Намос ги нарачале најскапите лежалки што се нуделе на пазарот се со цел да ја зачуваат репутацијата на еден од најдобрите ресторани на плажа во светот.
Така, изработката на лежалка од страна на една британска компанија ги чинела дури 2.800 евра и тоа без душек кој го изработи италијанската компанија Лоро Пиана по цена од 1.000 евра. Исто така ексклузивна цена од 1.200 евра има и изработката на чадорите за сонце.