Водителката и инфлуенсерка Миа Костова го искритикува излагањето на министерот за здравство, Фатмир Меџити и директорката на Клиниката за онкологија.
„Уште па кога ќе видам министер кој сака да убеди цел еден народ дека нема потреба од драма и како сите најстрого ќе ги казни а чита од топ листови што му ги напишале овие што работат ПР во министерство, па не ги ни прочитал пред прес, па муца и не догледува пошо ни сам не верува у пр текстот… Очиве од колутање ми се заглавија на теме“, напиша Костова.
Таа додава: „И пази до кое дереџе не доведоа… да коментарите најчесто се ‘а бе и да краделе терапии не е страшно, туку да не им ставале физиолошки само…’ Каква рупетина не направија да сме среќни само да краделе. Бар пациентите да не биле лажени. Ма да лежите сите и да имате пуно време да ги ослабете газињата од бифтеци по ќелии и ноќе да ви излегуваат сите пациенти како на лента до последен здив“.