Началникот на Клиника за анестезија и реанимација во Бања Лука, Дарко Голиќ, вчера беше изведен пред јавен обвинител по апсењето поради сомнеж дека подолг период на различни начини сексуално злоупотребувал пациент во кома. Случајот бил пријавен од страна на медицинските сестри, а вработените кои се сослушани ќе имаат статус на сведоци. Обвинетиот ќе се брани со молчење, откри неговиот адвокат.
Вчера својо исказ даде и медицински лице, вработено во клиниката, кое изјавило дека и само било жртва на докторот.
-По доаѓањето дома, самоиницијативно се вратив во клиниката за да го посетам пациентот кој беше во шок соба. Тој ми потврди дека сексуално бил злоупотребуван од началникот, Дарко Голиќ – вели сведокот кој и сам бил жртва на докторот.
-На 19 јануари работев дневна смена и приметив дека доктор Голиќ е во алкохолизирана состојба. Во текот на денот тој на неколку пати ми се обрати со неколтурни коментари. Во еден момент додека се разминувавме ме удри по задникот и ме фати за полниот орган и ми рече: Што е, ти се дигна ли? – навел во сведочењето медицинското лице вработено во клиниката.
Тој исто така раскажал дека во просторијата во која биле и останатите колеги, доктор Голиќ му се обратил со зборовите: “ Раскажи ми во детали, што би ми правел“. Откако сведокот излегол од просторијата Голиќ прокоментирал: “ Малиот ми е драг, ме разоружува“.
Инаку, последна информација е дека докторот Дарко Голиќ започнал штрајк со глад.