Поранешната членка на групата „Спајс грлс“, Мел Би, ја отвори душата пред камера и откри детали од десетгодишниот брак со нејзиниот сопруг Стивен Белафонте. Пејачката која своевремено ја гледавме како член на жирито во американскиот „Суперталент“, открива за скандалозните моменти од нејзиниот брак.
Мел Би и Стивен со години кажуваа дека имаат интимна врска со дадилка која се грижела за нивното дете и која ја сметале за многу близок член на семејството, а доказ за тоа се фотографиите кои ги објавија на социјалните мрежи.
Меѓутоа, во еден момент пејачката одлучи се да каже јавно, односо дека младата Германка Лорен, забременила со нејзиниот сопруг. Мел Би откри дека Стивен и платил на Лорен 240 илјади фунти за да абортира, да ја негира аферата со него и да каже дека забременила со друг маж.
“За десет години брак ме дрогираше, ме малтретираше, ме тераше да шмркам кокаин, а потоа ги снимаше нашите интимни односи. Ја завел дадилката и платил за нејзиниот абортус. Сакам да се заштитам себе си и моите деца од него, затоа барам забрана за приближување. Ме уништи финансиски за да ја одржи илузијата на гламурот. Не ми даваше картички, а немав ни пари да го посетам татко ми што умира – вели Мел Би за британските медиуми.