Анџелина Џоли ќе биде на насловната страница на ноемвриското издание на магазинот „Вог“. Таа во интервју за овој весник проговори за мајчинството, за тешкиот период низ кој поминала таа и нејзините деца и како родителството ја спасило. Актерката зборуваше и за својот моден бренд, кој е нов деловен пробив.
„Имав 26 години кога станав мајка. Целиот мој живот се промени. Децата ме спасија и ме научи да бидам поинаква на овој свет. Мислам дека ќе завршев на мрачен начин, ако не сакав да живеам за нив. Тие се подобри од мене, затоа што сакате вашите деца да бидат такви“, рекла Анџелина Џоли.
„Јас не бев јас во последните 10 години“
Анџелина Џоли и Бред Пит се разведоа во 2016 година по 12 години заедно, имаат шест деца. По разделбата, тие водеа жестока судска битка за старателството над децата, а потоа и за сопственоста на винарија во Франција, која неодамна беше решена. Актерката призна дека деновиве се чувствува „малку потиштено“.
„Сè уште се обидувам да се разберам, на 48 години. Претпоставувам дека сум во транзиција како личност. Не се чувствувам како да сум целосно своја во последните 10 години, на начин во кој не би сакала да се впуштам“, додаде Анџелина Џоли.
Таа истакна дека животот за целото нејзино семејство бил тежок во последните години. „Моравме да се справиме со многу проблеми, но сè уште наоѓаме потпора“.
Таа неодамна лансираше моден бренд наречен „Atelier Jolie“.
„Не сакам да бидам моден дизајнер, туку да изградам компанија каде што другите луѓе ќе можат да станат дизајнери. Се надевам дека ќе променам многу аспекти од мојот живот, а ова е само еден од нив“, рече таа.