Документарецот на „Netflix“, „Athlete A“, се занимава со злоставувањето на младите спортисти во Америка, а главната приказна се води околу Лери Насара koj бил доктор во американската репрезентација речиси три децении, а за тоа време злоставувал девојки и момчиња во националната екипа, а потоа и на Универзитетот во Мичиген.
Поранешната европска јуниорска шамионка Кетрин Лајнос, открила потресна исповест за тоа дека тренерите ја тепале со палки и ја изгладнувале, со тврдења дека е дебела.
Ја заклучувале во ормар…
„Викаа на нас, а тоа беше причината поради која ние плачевме, а јас ќе почнев да хистеризирам. Проблемот го решаваа така што ќе го зголемеа тонот на музиката во салите за да не се слуша нашето плачење или пак ќе не заклучеа и ќе не оставеа таму да плачеме додека не се измориме.
I Лиса Мејсон трпела тортури од своја 10-годишна возраст, а еднаш морала да парадира гола пред своите колеги гола за да докаже дека е дебела:
„Од 12 години речиси постојано бевме на Волтарол, а некои од моите колешки речиси воопшто не можеа да го завршат тренингот без да консумираат лек. Еднаш ме присилија да се натпреварувам со истегнати мускули и стрес фрактура во пределот на потколеното“ – открила Мејсон.