Лејди Гага „се отвори“ пред Опра Винфри и 15.000 луѓе и откри како повеќе пати била силувана на 19 години, поради што страда од посттрауматско стресно нарушување. Пејачката и актерка во искреното интервју во „2020 Vision: Your Life in Focus“ на славната водителка проговори за траумите кои и го одбележале животот.
“Бев неколкупати силувана уште пред да наполнам 19 години. Немав психијатар, ни доктор кој може да ми помогне. Имам посттрауматско стресно нарушување и хронични болки. Невропатската болка е одговор на траумите. На антидепресиви сум, имам неколку лекари и така преживувам“, додавајќи дека личноста која ја злоупотребувала добро ја познава и била блиска на нејзиното семејство.
Поради стресот и траумите често се самоповредувала, бидејќи на тој начин успевала да ја надмине менталната болка. Сепак, пејачката не открива дали ја пријавила личноста која ја силувала.
Во врска со односот со Бредли Купер, таа вели:
“Сè измисливме. Навистина добро ги измамивме сите“, додала Лејди Гага.