ТВ ѕвездата и поранешна манекенка Кејти Прајс ја шокираше јавноста со признанието дека пред четири години била жртва на грабеж и групно силување.
Неочекувано, пред премиерата на документарниот филм „Траума и јас“, британската манекенка, старлета и реалити ѕвезда Кејти Прајс раскажала шокантна приказна и ја вознемирила локалната јавност. Имено, поранешната манекенка, позната по турбулентниот живот и естетски зафати, неодамна била видена во посета на болницата за ментално здравје „The Priory“. Таблоидите веднаш почнале да шпекулираат за причините за терапијата, од алкохолизам и зависност од дрога до зависност до пластична хирургија, сепак Прајс решила да ги прекине гласините и признала дека се лекува од посттрауматски синдром.
„Снимавме за ITV во Јужна Африка, тоа беше во 2018. година“, започнала Кејти.
„Продукцискиот тим и јас влеговме во две комбиња и го започнавме патувањето од Јоханесбург до Свазиленд. Ја направивме најголемата глупост што не го проценивме правилно ризикот и немавме обезбедување. Некаде на половина пат не нападна банда. Беа шестмина. Имаа пиштоли, нè избркаа од комбето и ја зедоа опремата што ја носевме, лаптопи, ајподи, готовина, накит, секаква вредност, па и пасошите ни беа украдени.
Но, тоа не беше крајот. Еден од нив ме фати за рака и ми ја држеше цевката од пиштолот на глава, ме натера да влезам во комбето. Се обидов да се одбранам, насилно го удирав додека ми ја кинеше облеката. Потоа ме удри толку силно што изгубив свест. Главата ми чукаше. Не можев да се движам. Тоа траеше со часови, наизменично ме силуваа. Кога и да се обидов да се одбранам или да побегнам, уште повеќе ме тепаа. Не знам колку време траеше. Ми се чинеше како цела вечност“.
Лекување, зависност од дрога или самоубиство?
Кејти вели дека по инцидентот и физичкото опоравување решила да ги потисне страшните спомени. Меѓутоа, негирањето на настанот довело до мрачната бездна на алкохолизам, злоупотреба на дрога, депресија… „Еден ден решив дека ова мора да престане. Отидов на клиниката, му кажав на психијатарот што се случи и почнавме со процесот на справување “, заклучила старлетата.
Премиерата на документарниот филм „Траума и јас“ во Британија е закажана за утре. Во него Кејти се враќа на немилиот настан и сето она што го доживеала во Африка. Сепак, и понатаму ја вознемирува фактот дека сторителите никогаш не биле пронајдени. „Морам да живеам со фактот дека тие криминалци може дури и во овој момент да му го направат на невин човек тоа што ми го направија мене…“