Ме разбуди маж ми да ми каже што му смета, веднаш побарав развод

by Тони Зографски

Една од корисничките на социјалната мрежа  “Редит“ се пожалила дека среде ноќ мажот и во солзи ја разбудил да и каже што му смета кај неа, а таа веднаш побарала развод ,

“ Во брак сме шест месеци, во врска пет години. Околу Божиќ приметив дека се дистанцира од мене. Една ноќ ме разбуди и ми рече дали сум размислувала да отидеме на третман со Ботокс – раскажа жената и додаде:

“ Наводно му сметала мојата насмевка. Се згрозувал кога ќе видел како сум се смеела. Му реков дека треба да се разведеме. Знам дека ме сака, и јас го сакам него, но не сум толку грда мажот ми да плаче и да се згрозува од мојата насмевка. Се чувствувам добро во својата кожа и мислам дека насмевката е еден од моите најголеми адути, но таа мојот маж го прави несреќен“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com