Холивудската глумица Џејн Фонда (83) призна дека во моментов сексуално не ја привлекуваат мажи на нејзина возраст и дека, ако бара врска, првенствено би побарала помлад партнер.
Во интервју за априлскиот број на „Харперс базар“, оскаровката Џејн Фонда проговори за интимниот живот на 83 години и зошто не сака да биде во „сексуална врска“ повторно.
– Не сакам да бидам во сексуална врска. Ја немам таа желба. Секако дека фантазирам. Фантазирам за средба со професор или научник, некој од тие кругови што е способен да сака жена – рекла холивудската дива.
„Зарем не е ужасно? Работата е во кожата. Сакам помлад човек и премногу сум себична“, додала Фонда.
Оскаровката признава дека по три неуспешни брака, сфатила дека е „неспособна за интимност“.
– Не зависи од нив, зависи од мене. Ако некој ми рече да бидам тука за него, би побегнала преплашено. Ме привлекуваа мажи кои никогаш не би ми го направиле тоа затоа што не можеле да го сторат тоа за мене. Тогаш не го знаев ова, но сега го знам – заклучила Фонда.