Болницата во местото Алзано Ломбардо е затворена на 23 февруари. Без објаснување. Коронавирусот во оваа област, тогаш за широката јавност се криеше. Погрешните одлуки во низа биле причината за ширење на зараза низ целата провинција Бергамо, а за ова сведочи 55-годишниот Франческо Замбонели од местото Вила ди Серио, чиј живот за момент се претворил во кошмар во кој загуби три члена од своето семејство.
“Во болницата “Пезенти-Фенароли” во местото Алзано Ломбардо, на одделението за интерна медицина на третиот кат се лекуваше мојата мајка. Дијагноза – срцева декомпензација. На одделението беше сместена на 12 февруари. Во следните неколку дена разви висока телесна температура, а потоа и респираторни проблеми. Вечерта помеѓу 21 и 22 февруари, ситуацијата се влоши. Отидов во болница и за првпат се најдов помеѓу лекари и болничари со маска на лицето.
Мајка ми Анџолина умира два часа по полноќ, на 84-годишна возраст. Јас сум покрај неа. Во извештајот за смртта не е запишана вистинската причина: коронавирус. Вечерта на 23 февруари болницата е оградена, се гледаат само сините светла на амбулантните возила. Никој не може да влезе.
Подоцна дознав: двајца пациенти биле позитивни на коронавирус. По посетата во 13 часот тој ден веќе беше затворено едно одделение, токму она на кое беше сместена мојата мајка. Помеѓу позитивните се наоѓаше и Ернесто Равели, првиот починат жител на Бергамо со официјална дијагноза – коронавирус. Болницата повторно се отвора подоцна вечерта без било какви интервенции и санитарно чистење.
Утредента, во понеделникот, продолжуваат болничките активности како земање крв, интервенции во операционите сали, посета на амбулантите, никој не нѝ кажува дека треба да останеме во самоизолација. Не сме ни тестирани.
Погребот го одржавме во местото Вила ди Серио, мојот татко остана дома поради висока телесна температура, присуствуваа стотина луѓе… Стисок на раце, бакнежи и прегратки од роднините и пријателите во преполната црква…
Во саботата бевме во банка, во општина, никој не нѝ го сврте вниманието: “Бевте во болница, можеби сте заразени”.
Мојот татко Џанфранко (85 години) уште од 20 февруари имаше температура, излегуваше само кога ја посетуваше мајка ми во болница. Таму и се заразил. Неколку дена имаше симптоми слични на грип. Почина на 13 март во болница во Бергамо. Во дијагнозата стои: починал од коронавирус.
Во што се претворивме ние кои бевме на погребот? Главно средство за пренос на епидемија. Бомба за зараза. Во моето семејство не остана поштедена ниту мојата стрина – третата жртва.
Моето страдање не стивнува. Во вечерната смена видов медицински сестри со маски на лицето. Значи дека во болницата знаеле за заразата – и молчеле”.
Francesco Zambonelli ha perso la mamma e il papà per il Covid. Già il 20 all'ospedale di Alzano Lombardo si indossavano mascherine FFP2 e pazienti erano con respiratori. "Perché nessuno ha fatto tamponi a noi parenti che frequentavamo l'ospedale? eravamo tutti possibili untori" pic.twitter.com/Z8lCMAv0AB
— Agorà (@agorarai) April 7, 2020