„МЕ ПРЕГОЛТА КИТ ПА МЕ ИСПЛУКА“: Животна драма на американски нуркач (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Голем грбав кит го проголта Американецот Мајкл Пакард, ловец на јастог, близу Кејп Код за да го плукне по неколку секунди, пренесува Би-Би-Си.

Пакард рече дека нуркал во близина на градот Провинстаун во државата Масачусетс кога завршил во џиновскиот уста на кит каде поминал околу 40 секунди. Китот го исплукал, а Пакард поминал само со истегнато колено. 56-годишниот Пакард рече дека сметал дека бил нападнат од голема бела ајкула, позната во оваа област, а потоа сфатил дека нема заби.

– Одеднаш ми падна на ум дека сум во устата на кит и дека се обидува да ме проголта. Мислев дека е ова сигурна смрт и се збогував со сопругата и моите два сина – рече Пакард.

Тој рече дека одеднаш китот испливал над водата, го исфрлил од устата и почнал да ја тресе главата.

– Одеднаш се најдов во воздухот, како на врвот на фонтаната, и паднав во водата, бев слободен и се чувствував како да лебдам. Не можев да поверувам – рече Пакард.

И покрај постојаните апели на неговата сопруга да најде друга работа, тој нема намера да ја заврши својата 40-годишна кариера како нуркач на Кејп Код.

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com