Специјалци во Црна Гора по грешка упаднале во станот на ракометниот судија Богдан Калуѓеровиќ во Цетиње.
Влегле во погрешен стан бидејќи на влезната врата каде живее со сопругата и двете малолетни деца пишувало презиме Калуѓеровиќ, но тие го барале Ненад Калуѓеровиќ, пишува црногорски Вијести.
„Утрово во 6 часот и 45 минути по чукањето ја отворив вратата, по што полицајците упаднаа во станот. Ме малтретираа во присуство на моите малолетни деца и мојата сопруга“, изјавил ракометниот судија за Радио Цетиње.
Калуѓеровиќ најави дека ќе поднесе кривична пријава против специјалците. Калуѓеровиќ додека давал изјава за радио Цетиње бил на лекар со своите деца, кои претрпеле стрес, пренесува Вијести.