Богатата наследничка на ланец хотели, Парис Хилтон одлучи отворено да зборува за малтретрањето кое го доживеала кога била тинејџерка.
Ѕвездата ќе го објави документарецот This Is Paris на 14 септември на Јутјуб каналот. Во првата најава, таа откри дека јавноста ќе дознае работи кои претходно ги криела, а ќе зборува и за тоа низ што поминала додека била во интернат.
Во интервјуто кое го дала за списанието People, Париз рече дека била испратена во интернат на возраст од 17 години. Во тоа време, живеела со своите родители во хотелот Waldorf Astoria во Њујорк.
-За мене беше многу лесно да се искрадам од дома и да одам во клубови и забави. Моите родители беа толку строги што морав да станам бунтовник – започна таа.
-Ме казнија со земање мобилен телефон, кредитна картичка, но не успеаа. Јас сепак би излегла – продолжи таа.
Една од казните во интернат, било и физичко и ментално злоставување.
-Требаше да биде училиште, но учењето не беше на прво место. Од моментот кога станав до крајот на денот, сите ќе ми викаа, ќе викаа во моето лице, и доживував постојана тортура – рече Париз.
-Персоналот би ми кажал ужасни работи. Ме вознемируваа, ме натераа да се чувствувам лошо. Мислам дека нивната цел беше да нè скршат сите. Не вознемируваа физички, нè удираа и нè давеа. Тие сакаа да нè заплашат, за да не се буниме – рече таа.
Претставниците на училиштето не ги негираа овие изјави, изјавувајќи дека училиштето е продадено во 2000 година и дека тие не можат да ги коментираат постапките на претходните сопственици.
Досега, Хилтон не сакала да зборува на оваа тема, затоа што ѝ било срам.