На очиглед на неколку стотина медицински работници кои протестираат заради лошите услови во тој сектор, Украинецот Александар Бурлаков се самозапали пред Канцеларијата на претседателот на Украина, во Киев.
Насобраните веднаш притрчаа да му помогнат, иако целиот беше во пламен брзо го изгасија огнот.
На почетокот се веруваше дека се работи за медицинско лице, но потоа се испостави дека се работи за човек кој со години се мачи со проблеми со земјиште.
„Мојот чин нема никаква врска со протестот. Веќе пет години се обидувам да го решам проблемот што го имам со земјиштето. Ме излажаа локалната власт сите нас не лажат. Не гледам веќе излез, никогаш не сум направил лошо на никого.“, рече Бурлаков додека итно го пренесоа во болницата со видливи изгореници.
Кабинетот на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека човекот се здобил со полесни повреди и ќе истражува точно какви проблеми имал несреќниот човек.