Поранешниот модел на „Викторија Сикрет“, Брижит Малколм, објави видео на „ТикТок“ во кое тврди дека овој бренд има исклучително лошо влијание врз животот на модели и како што вели, нивниот обид да ги прифатат различностите и да ги охрабрува жените е „шега“.
Брендот се соочувал со години со критики, а во видеото на ТикТок со наслов „Малку доцна, Викторија Сикрет“, Малколм раскажува колку и се влошило здравјето и како била неухранета додека шетала по модните писти.
“Го најдов мојот градник од списанието Викторија Сикрет во 2016 година. Ова е со големина 30А, а сега сум на 34Б. Сега моето тело е здраво”, рече Бриџит во видеото кое брзо се прошири на интернет.
Таа е една од најгласните модели што ја осудува популарната марка за долна облека и модната индустрија во целина. За Викторија Сикрет таа прв пат зборувала пред три години, кога на Харперс Базар раскажа се за нарушувањето во исхраната, што и предизвикало дигестивни проблеми и вознемиреност.
Во едно од нејзините видеа, таа раскажа како агентите на брендот ја поттикнувале на кокаин, секс и постојано ја терале да ослабува. Таа тврди дека постар маж неколку пати сексуално ја злоставувал, па затоа на крајот страдала од депресија.
Инаку, Бриџит ја напуштила Викторија Сикрет во 2019 година, а денес работи со брендови со кои се чувствува безбедно и решила да зборува за сè откако се опоравила.
Comments are closed.