Првиот фудбалер од Серија А кој што беше позитивен на корона вирусот е членот на Јувентус, Даниеле Ругани.
Откако му беше дијагностицирана оваа болест, Ругани веднаш замина во изолација за да ги заштите сите околу себе, но за жал не успеа.
Убавата и атрактивна спортска новинарка Микела Персико која е негова девојка синоќа соопшти дека по тестирањата дознала дека и таа е зареазена со коронавирусот, па се обрати на Инстаграм со видео порака.
„Бев страшно исплашена кога слушнав дека Даниеле е позитивен на вирусот, но во меѓувреме сите подобро се запознавме со оваа пандемија па сега, кога знам дека сум и јас заразена се грижам многу помалку. Ругани има блага температура, а јас сум заразена но аимптоматично. Се чувствувам добро. Ова е уште еден сигнал за сите. Бидете внимателни сооглед на тоа што не мора да имата симптоми за да бидете заразени, а притоа може да заразите многу околу себе“ кажа Микела.
https://www.instagram.com/p/B9zVQ5bqzJl/