Претседавачот со конститутивната седница на Собранието и поранешен претседател на Парламентот, Талат Џафери на својот Фејсбук профил објави дека станал дедо.
Имено, неговата ќерка Бесиана на свет го донела внукот, Фрашер.
Меѓу првите кои му честитаа е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Честитки Талат Да е жив и здрав внукот со целото семејство. Децата и внуците се најголемата вредност во животот на секој човек. Да бидете радосни цело семејство“, стои во честитката од Заев.
Извор: ТВ 21