Утрово во месноста Јелак на Попова Шапка, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во „фри рајд“ скијање, јави Центарот за управување со кризи.
Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите.