Водителката Деа Ѓурѓевиќ стана вистински херој откако во февруари доживеа тешка сообраќајна несреќа, во која ѝ беше откината раката
„Ќе ви покажам која сум и колку сум силна“, изјави таа за српските медиуми, кога лекарите ја категоризираа нејзината повреда како настаната во војна.
По седум месеци, дваесет операции и многу лузни, водителката и понатаму стои на нозе и има насмевка на лицето.
„Немам дел од трицепсот, метални плочки ми ги држат коските, а почнувам и да ја користам раката. Мислам дека до Нова година веќе ќе можам да танцувам на прославата“, открила Деа.
Со помош на физиотерапевтите таа веќе може да ја движи повредената рака, иако многупати лекарите биле песимисти. Таа признава дека целиот процес барал многу трпение и толеранција, а ја имала и поддршката од своите блиски.
Деа вели дека денот кога се извлекла од тешката несреќа нема да го слави како втор роденден.
„Нема што да се слави. Сигурно ќе го одбележам на друг начин“, изјавила таа за „Премиера – викенд специјал“.