ОВЕН
Состаноците и средбите што сте ги планирале во последните денови од декември или на почетокот од јануари ќе може да се случат во друго време и во подобри услови. Тие сега може да бидат основа за нешто добро во вашиот живот. Судбината понекогаш испраќа одредено лице во право време и на право место.
Во финансиска смисла, пак, ќе доживеете криза, паника или стрес поврзани со голем износ на пари, кредит, исплата на плата и друго. Може да доживеете непријатни загуба или неуспех поврзан со пари.
Јануари ќе биде поволен месец за патување, особено за жените, со одредена цел за работа или некој вид одговорност.
Проблемите дома и со вашето семејство ќе бидат ’благодарение’ на активностите на лице во знакот на Бик, Девица или Јарец.
Проблеми можат да се јават со станари или соседи.
Неженетите мажи-Овен може да ја започнат годинава со ветување дека ќе основаат свое семејство. Некои од вас, дури и ќе го преземат таквиот чекор и ќе предложат брак на девојката/партнерката овој месец.
БИК
Може да ја започнете годината со нерешени домашни или имотно-правни проблеми или пак, да се појават и неочекувани, нови. Но, овој месец ќе бидете во можност лесно, со навремена поддршка, да ги решите ваквите проблеми. Некои од вас дури и ќе бидат во можност да се радуваат на материјален успех или добивка.
Може да наидете на отпор поради одлуката да промените нешто, да се преселите, да започнете судска постапка и слично.
Новите околности во вашиот живот може драстично да ги сменат претходно пдонесените важни одлуки и договори.
Младите мажи-Бик може да сковаат интересно пријателство на работното место што се базира на заедничките интереси надвор од работата.
Некои здравствени проблеми може да бидат резултат од вашите грижи и може да создадете негативни ставови кон другите. Бидете особено внимателни кон вашите хронични заболувања и превентивните мерки поврзани со нив.
Ќе минете низ тензија за пари што очекувате да ги добиете преку документ што било претходно договорен. Каков и да е проблемот, тој не вклучува загуба за вас.
БЛИЗНАЦИ
Во јануари може да очекувате радосна средба со жена од далеку, или жена која ќе се врати од патување или која престојува во друга земја.
Еден непријатен настан во голема мера може да ги смени вашите планови за 2016 година или за вашиот живот воопшто. Очекувајте неочекуван пресврт.
На работа или во вашиот бизнис ќе доживее значителен притисок, но приходите/добивките ќе бидат големи.
Ќе бидете во можност да се смирите во однос на грижите и проблемите што ги имате за лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Може и, исто така, да доживеете успех во вашиот живот месецов благодарение на таква личност.
На крајот од месецот ќе сфатите дека среќата била со вас многу пати. Во една или друга форма, ќе бидете под притисок да донесете некои судбоносни одлуки или акции. Важен настан ќе се случи во врска со роднина во знакот на Лав, Стрелец или Овен.
Од мажите над 35 години може да се бара да изгаснат ’емоционален оган’ дома.
РАК
Може да пореметите/прекинете активности и коментари на млада машка личност со која сте некако поврзани или за луѓе важни за вас.
Лоша вест во врска со момче или млад човек.
Очекувајте многу покани за одење на готи и собирања. Ќе има размена на важни документи и информации.
Ќе добиете предлог за дополнителна обврска или за таква од која ќе имате корист.
Во вашиот дом и семејните односи, може да се развие енергија која ќе ви помогне да откриете тајна за скриени или несподелени дејствија и слично. Можна загуба на доверба, појава на лоши/негативни сомнежи и сомнеж во верноста/лојалноста на одредени луѓе.
Проблеми може да настанат во врска со добивањепари преку документ, кредит, исплати…
Финансиски ќе имате несигурни/превртливи настани и треба да бидете подготвени и претпазливи доколку сакате да се поштедите себе си од проблеми и загуби.
Треба да купите подарок за девојка или жена.
Ќе добиете вест во врска со дете во знакот на Водолија, Вага или Близнаци.
ЛАВ
Јануари може да биде критичен месец за љубовните врски на Лавот. Прикриените тензии, потиснати поради празниците во името на добрите манири, сега ќе ескалираат повторно. Конфликтите се непредвидливи и може да доведат до привремена или трајна разделба.
Решавање на финансиски односи со машко лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Може вие да добиете или да дадете пари на таква личност.
Ќе имате надежи за нешто од разговор со жена која не живее со вас под ист покрив.
Жените-Лав може да се откажат од една идеја поради сфаќањето дека не можат да ја реализираат истата.
Ќе чекате трпеливо за развој на измама или интрига против вас. Иако доста ве боли емотивно, свесни сте дека директен конфликт нема да биде во ваша корист. Ќе дозволите работите да си го најде своето решение, затоа што верувате во универзалните закони на вистината.
На финансиски план работите ќе изгледаат многу подобро. Дури е веројатно дека ќе имате неочекувана добивка на среќа или од поинакв начин.
Неочекувани промени на работа што ќе ви бидат важни или директно ќе влијаат врз вас.
ДЕВИЦА
Во јануари претстои важен собир во врска со дете – раѓање, крштевка, роденден, именден и друго.
Многумина од вас ќе одат на важно патување. Тоа ќе ви донесе успех, без разлика дали е поврзано со работа, образование, деловни сосстаноци и др. Во некои случаи, тоа ќе вклучи промена на местото на живеење.
Ќе бидете задоволни од повик или состанок со машко лице кое веројатно е ваш пријател, колега, сосед или далечен роднина.
Во јануари, неженетите мажи над 35 години ќе имаат успех преку нови лични, професионални или романтични контакти.
Ќе има непријатен настан поврзан со личност во знакот на Близнаци, Вага или Водолија.
На почетокот на годината ќе се зафатите со разни работи поврзани со имот, како плаќање даноци, осигурување, кирија, или да потпишете различни документи поврзани со вашиот дом или со имотот на ваши роднини.
Ова ќе биде месец поволен за купување на имот/недвижнина.
Здравствени проблеми може да настанат кај дете или млад човек-роднина.
Младите Девици не треба да избрзуваат и да бидат себични во љубовната врска. Непотребно е да се оптоварува врската со вакви нешта.
ВАГА
Можеби ќе треба да се справите со многу сериозни трошоци за кои, иако тешки, ќе знаете дека се за нешто добро.
Ќе присуствувате на собир, каде што мора да покажете почит кон одредена личност со подарок.
Ненадејно стресна ситуација која ќе предизвика проблеми може да биде тешко да се реши или ќе ви треба повеќе време и ресурси.
Неочекувани вести во врска со девојка, млада жена, помлада сестра или внука.
Жените до 35 години ќе добијат неочекуван предлог или документ.
Ќе доживеете мали домашни проблеми или грижи поврзани со домот.
Ќе бидете дел од важен настани во животот на роднина која веројатно е во знакот на Бик, Девица или Јарец.
Во јануари ќе бидете дел од важни состаноци и разговори кои во голема мера ќе ја одредат вашата иднина во 2019 година, а можеби и за неколку години.
СКОРПИЈА
Ќе очекувате средба или посета на момче или младо машко лице. Тој може да е член на семејството, но вашата врска може да биде и од многу различна природа.
Мажите до 35 години не треба да имаат големи очекувања за овој месец. Тоа значи дека многу работи сега нема да зависат од вас. Но, генерално, ќе имате добри достигнувања.
На работното место може да искрсне проблем како резултат на желбата за сатисфакција, критика, недостаток на можност да се реализира ваша идеја и слично. Ситуацијата ќе биде привремена и не треба да избрзувате со емоционални реакции и решенија.
Поволен месец за патување, особено ако е поврзано со нов почеток на подобра работа, решавање на финансиски прашања, договори и интереси.
Може да добиете пари од друго место.
Наскоро, многумина од вашиот знак ќе го ценат вниманието и великодушноста на блиска личност на некој начин. Можеби ќе бидете во можност да одговорите на ист начин.
Избегнувајте конфликти. Избегнувајте луѓе кои експлодираат брзо и тешко ги контролираат своите емоции. Не вклучувајте се во интриги или злонамерни активности, без разлика на нивната цел. Секој таков чин, сега ќе биде основа/причината за ваш иден неуспех во текот на годината.
СТРЕЛЕЦ
Ќе го започнете јануари со важни состаноци и разговори кои брзо ќе ви дадат подобра идеја за она што може да се реализира оваа година, а што не.
Ќе имате особено поволни изгледи и успешни средби и разговори со лица во знакот на Вага, Водолија и Близнаци.
Ќе размислува или ќе започнете подготовки за патување што за некои од вас ќе се реализира овој месец, а за некои малку подоцна во годината.
Овој месец можете да очекувате добивка/подарок од едно машко лице.
Мажите-Стрелец може да постигнат договор или да се вклучат во продажба или купување на имотот/недвижнина.
Проблем може да се појави во семејството од финансиски карактер, како повисоки трошоци, инвестиции, исплати на кредит или купувања.
Изненадување во врска со документ од финансиска природа ќе биде поврзано со дете/млад човек. Документот ќе ви даде право да добиете пари и слично.
Ќе ви биде мило поради добивка на лотарија или томбола од дете/младо лице во семејството.
Вести или озборувања во врска со настаните во животот на ваша стара љубов или поранешен брачен другар.
ЈАРЕЦ
Разни лаги и несигурност во вашите врски со другите сега ќе ескалираат неочекувано за вас лично. Вината за ова може да биде ваша, а можеби не. Но, ќе сфатите дека оваа неискреност, која се развил во вашата врска, е билатералана.
Некој настан или разговор со лице во знакот на Бик, Девица или Јарец, кое може да е ваша роднина, ќе ве изненади.
Конфликт со некој пријател ќе ве ослободи од емоционален товар и вишокот на енергија што се насобрале во вас во последниве месеци.
Наскоро ќе имате храброст и амбиција да започнете нешто ново, нови цели во вашиот живот.
Јануари ќе биде важен месец за образованието или кариерата на девојките и младите жени-Јарец. Времето ќе ја дефинира иднината во подрачје важно за вас.
Ова ќе биде поволен месец за судски или правни работи, особено за жените-Јарец.
Вашите приходи овој месец ќе бидат дефинитивно под вашите очекувања или вашите трошоци ќе бидат повисоки, што ќе создаде нерамнотежа во финансиските ресурси. Подгответе се добро сега и не потпирајте се на чуда.
Вести ќе добиете за кражба или друга животна драма во животот на личност во знакот на Шкорпија, Риби или Рак.
Младите Јарци можеби ќе треба да се грижат за здравјето на жена од семејството или да помогнат на некој начин во решавање на некој проблем со неа.
Можни помали заболувања може да бидат поврзани со син или внук.
ВОДОЛИЈА
Јануари ќе ви донесе лицемерие и злоба од млада жена со очигледно користољубиви цели или амбиции кои се преголеми за позициите на вашето работно место или во личниот живот. Можно е таа да е во знакот на Риби, Шкорпија или Рак.
Можни здравствени проблеми ќе се појават во животот на некој роднина.
Мажите над 35 години ќе мора да ја преземат одговорноста за решавање на домашни или на имототни проблеми во семејството.
Иако вие не ќе имате големи очекувања за работата и развој на професионални или бизнис случаи, јануари ќе се најде начин да ве изненади.
Ќе се развиете корисни, цврсти контакти со лица во знакот на Вага, Водолија и Близнаци.
Сериозно ќе размислувате за вашиот однос со личност во знакот Бик, Девица или Јарец, со кое сте имале нерешени или нерешливи проблеми и конфликти во 2018 година.
Неповолни судски или правни случаи ќе се појават, особено ако се поврзани со кражба, јавна навреда или обвинување.
Очекувајте интересни средби и собири со пријателите од далеку и во близина.
Може да добиете пари за извршените услуги, дополнителна работа и друго.
РИБИ
Ќе се обидете сериозно да ги решите проблемите во семејството за кои не сте пронашле време и ресурси во текот на последните месеци од 2018 година.
Можно е да доживеете стрес и тензија за роднина во знакот на Стрелец, Лав или Овен, коишто ќе се покажат корисни, без оглед на природата на самиот проблем.
Средби ќе бидат потребни со роднини за финансиски прашања во врска со разни плаќања, купување, продажба и слично.
Ова ќе биде успешен финансиски месец.
Изненадувањата овој месец може да бидат поврзани со момче/млад човек, можеби и роднини, со некој од вашето семејство или пријатели.
Неочекувана шанса или среќа во јануари за мажите-Риби до 35-годишна возраст.
Радосна вест, можеби телефонски повик од лице за кое сте изгубиле надеж дека ќе ви се јави или некој од кого и не сте очекувале да ви се јави.
Ќе има собирање на роднини и пријатели поради именден или успех на девојка или жена.
Жените-Риби може да се радуваат поради важно купување или стекнување имот/недвижнина.