Овен (21.03.-21.04.)
Работа: Ќе имате потреба да ја докажувате својата моќ, ќе се подобрат вашите вештини и ќе ја контролирате ситуацијата кога станува збор за важни цели. Ве очекува стресен и критичен период, но шансите за успех се повеќе од добри.
Љубов: Во текот на октомври ќе имате зголемена потреба за грижа и љубов. Имате високи очекувања и нереални надежи. Вашата врска поради тоа може да страда.
Здравје: Во текот на октомври ќе бидете изложени на стрес и напнатост.
Бик (21.04-21.05)
Работа: Октомври е одличен месец за бизнис, особено кога станува збор за продажба, промоции и профитерство. Обемот на работа ќе биде голем, но со текот на времето ќе ги исполните сите обврски.
Љубов: Уживајте во среќните моменти и обидете се да ги искористите сите предности на врската за да го подобрите вашиот љубовен живот. Во вториот дел на месецот ве очекува тежок период.
Здравје: Добро.
Близнаци (22.05.-21.06.)
Работа: Бидете внимателни и избегнете брзање, небрежност, невнимание или шпекулации бидејќи можат скапо да ве чинат.
Љубов: Љубовта може да дојде во секое време, особено после 18 октомври. Во потрага сте кон силни и искрени чувства, било да сте во врска или не.
Здравје: Настинка.
Рак (22.06.-22.07.)
Работа: Во октомври вашето внимание ќе биде повеќе фокусирано на приватниот живот, отколку на професионалниот живот. Односите со другите можат да бидат доста напнати, а деловните соработки или договори можат да ви донесат многу стрес и грижи.
Љубов: Октомври е страсен месец за раковите. Ве очекува тензична атмосфера доколку сте во врска. Чувствата се многу силни, но исто така многу инстинктивни, понекогаш опсесивни, со силна привлечност и потенцијална омраза. Бидете внимателни!
Здравје: Слаб имунитет.
Лав (23.07.-23.08.)
Работа: Октомври е период на интензивни инвестиции и напор. Ќе бидете амбициозни и полни со енергија, подготвени да ја преземете иницијативата.
Љубов: Комуникација и патувања ќе ви донесат обновување на старите врски, но, исто така, и создавање на нови.
Здравје: Избегнувајте претерувања.
Девица (23.08.-22.09.)
Работа: За девиците октомври е месец полн со потенцијал за успех, особено финансиски. Ќе уживате во изобилство, ако мудро располагате со вашите финансии.
Љубов: Во текот на октомври ќе имате потреба да ги изразите вашите страсти на најинтензивен начин. Се ќе зависи од тоа како ќе се справите со овој бран на импулсивност. Истиот може да ви донесе пријатни моменти, но не е без ризик.
Здравје: Добро.
Вага (23.09.-23.10.)
Работа: Октомври е идеален месец за достигнување на успех. Ќе имате способност да го насочите вашиот професионален живот во многу подобра насока.
Љубов: Емоциите ќе ги надвладеат практичните интереси и цели. Сепак, овој месец постои голем потенцијал за реализација на среќни моменти во вашиот љубовен живот, иако не премногу. Избегнувајте конфликтни ситуации.
Здравје: Добро.
Шкорпија (23.10.-22.11.)
Работа: Во текот на октомври ќе имате голема способност и концентрација и ќе ја преземете иницијативата. Ќе знаете што сакате и ќе имате добро развиена стратегија и сила.
Љубов: Љубовниот живот на шкорпиите овој месец може да се подели во два термина. Првата половина на месецот ќе биде добар период во кој ќе се чувствувате секси, ќе примате комплименти, ќе бидете отворени за другите и сл. После 18 октомври, ќе треба да поминете низ чувствителен период. Можеби ќе се чувствувате осамено, неразбрано или фрустрирано.
Здравје: Потребен ви е одмор.
Стрелец (22.11.-21.12.)
Работа: Поминувате низ среќен период кој ви носи популарност. Ќе размислувате за многу проекти и ќе бидете среќни. Октомври ќе ви донесе многу пари, но исто така, и многу стрес. Бидете внимателни со трошењето.
Љубов: Љубовниот живот ќе ви биде особено важен. Ве очекуваат повеќе предизвици, промени, па дури и конфликти. Другиот дел од месецот ситуацијата ќе стане полесна.
Здравје: Грип.
Јарец (22.12.-20.01.)
Работа: Лесно ќе се издвоите на работа, колегите ќе ве почитуваат, а вие ќе ја зајакнете својата позиција и углед.
Љубов: Пред вас е интензивен и страсен месец. Ќе реагирате инстинктивно кога ќе бидете понесени од страста. Превземете иницијатива. Потенцијалните конфликти можете да ги спречите тактички и да зборувате за проблемите.
Здравје: Стрес.
Водолија (20.01.-19.02.)
Работа: Пред вас се нови можности кои можат да бидат поврзани со други држави, соработки, бизнис преку интернет, патувања кои носат профит и сл.
Љубов: Ова е одличен месец за романтично патување, духовно патување со некој близок или откривање на нови знаења. Ако барате љубов, новата личност можете да ја запознаете додека патувате или преку вашите заеднички пријатели.
Здравје: Чувство на замор.
Риби (20.02.-20.03.)
Работа: Парите ќе ви бидат приоритет во текот на октомври. Ова е поволен период за интелектуална дејност, за стекнување на нови знаења и сл. Вториот дел на октомври ќе ви донесе нови можности за напредување во кариерата.
Љубов: Првиот дел на октомври ќе продолжи на ист начин како и претходниот месец. Значајните настани во вашиот љубовен живот се пред вас. Вие и вашиот партнер ќе бидете повеќе фокусирани на финансиите.
Здравје: Стрес.