Овен
Работа – Поради ретроградноста на Меркур и Марс, бидете подготвени на поголеми напори, за да го постигнете она што го планирате. Ќе има недоразбирања во вашата комуникација со работното опкружување па затоа добро би било да бидете вооружени со трпение и енергија бидејќи и тоа како ќе ви биде потребна. Финансиите и Биковите ќе бидат клучен фактор од кој ќе зависи успехот на вашата работа.
Љубов – Поради Сонцето во Бик, вашата љубов можете да ја сретнете во некоја финансиска институција или ресторан, а вашиот нов партнер би можел да биде во знак/подзнак Бик. Без оглед дали влегувате во нова врска или сте задоволни со вашиот партнер ова е месец во кој поради ретроградноста на Меркур, морате да бидете потолерантни од обично. Кажете му на партнерот се` што ви пречи.
Здравје – Стресот е главната причина поради која имате полошо здравје.
Бик
Работа – Овој месец морате да бидете повредни од обично со оглед на тоа што од вашата работа зависи колку ќе заработите. Реализацијата на договорите ќе биде во центарот на вашите работни активности. Способноста за добро економирање, со вашиот финансиски потенцијал, ќе биде клуч за успех на работа. Бидете подгтовени да повторите некои потези.
Љубов – Со Венера и Меркур во вашиот знак, вие сте еден од најсреќните знаци на овој план. Ако сте решиле нешто да поправите во љубовните односи, сега е вистинско време. Обрнете внимание на Стрелец и Риби, доколку барате нов партнер. Без оглед на тоа дали влегувате во нова врска или сте задоволни со вашиот партнер, ова е месец кога треба да бидете потолерантни отколку обично.
Здравје – Многу сте напнати, како последица на секојдневниот стрес. Морате да се опуштите.
Близнаци
Работа – Многу непредвидени околности, а вие имате недостаток на соодветна комуникација во работата. Немојте да паѓате во ситуации во кои ќе изгубите многу. Обрнете внимание на комуникацијата со колегите и бизнис партнерите. Нека не ве обесхрабруваат неприликите во извршувањето на секојдневните работни задачи.
Љубов – Поради 3 планети, меѓу кои и Венера, планетата на љубовта, во вашата 12-та куќа ќе бидете насочени кон флерт и тајна љубов, што за многу припадници на овој знак би било одлично. Ако сакате излет во некоја авантура, тогаш совршен партнер би бил Бик или Риби.
Здравје – Ова е месец во кој вашите нерви ќе бидат тестирани.
Рак
Работа – Ако имате план да направите важен чекор на работен план, пред вас е тешка задача со оглед на тоа што работите и тоа како се комплицирани. Сепак, работете ако морате, резултатите ќе стигнат подоцна, во текот на годината. Како главен проблем ќе биде слабата комуникација или недостатокот на комуникација. Нека вас непредвидените околности не ве обесхрабрат, останете посветени на задачата која сте си ја зацртале.
Љубов – Поради комплицираните работи ќе биде добро да бидете и тоа како внимателни. Без разлика дали влегувате во нова врска или сте задоволни со вашиот партнер, ова е месец во кој, поради ретроградноста на Меркур, морате да бидете потолерантни од обично. Ако имате намера да пронајдете нов партнер, побарајте ги во знакот на Бик и Стрелец.
Здравје – Обидете се да пронајдете баланс во вашите напори бидејќи можете сериозно да си го загрозите здравјето.
Лав
Работа – Во овој месец морате да бидете подготвени на стрес кој ќе настапи како последица од фрустрацијата бидејќи нема да ви оди онака како што сте планирале. Морате да ја зачувате присебноста бидејќи хаотичноста никаде не може да ве одведе, освен во неуспех. Стрелецот и Рибата ќе имаат огромно влијание врз вашите активности на работа и вие морате да го задржите неопходниот мир и соодветно ниво на комуникација.
Љубов – Во вашето поле на љубовта, се наоѓаат две лоши планети и вие треба да бидете и тоа како внимателни. Ако имате во план да најдете нова љубов, таа се наоѓа во вашето професионално опкружување, потребно е само да бидете истрајни во барањето. Доколку влегувате во нова врска, внимавајте – можеби личноста не има исти намери како и вие.
Здравје – Не се нервирајте поради она на кое не можете да влијаете.
Девица
Работа – Морате да бидете подготвени на околностите и тоа што не сите работи ќе одат како што треба. Некои обврски ќе морате да ги повторите бидејќи нема да бидете задоволни со направеното. Ќе ви биде потребна дополнителна енергија отколку вообичаено. Сепак, не смеете да изгубите контрола бидејќи тоа ќе ви предизвика стрес и болка. Финансиите и лошата комуникација ќе бидат клучни за вашата работа.
Љубов – Владетелот на вашето поле на љубовта се наоѓа во знакот Стрелец. Ако ви здосади од вашиот моментален љубовен статус, тогаш новиот партнер побарајте го во знакот на Стрелец, Риби или Бик. Доколку сте веќе во врска, обрнете му повеќе внимание на вашиот партнер, бидејќи врската и не ви е баш стабилна.
Здравје – Стресот ќе биде вашиот најголем непријател овој месец.
Вага
Работа – Веќе подолго време резултатот не оди како што треба. Ништо подобро нема да биде ниту овој месец но тоа не значи дека не треба да се потрудите и да ги извршувате должностите онака како што се бара од вас. Не би било лошо да направите прецизен план за вашите активности бидејќи време е да видете до каде сте и што понатаму.
Љубов – Овен, Бик и Стрелец се знаци кои го држат клучот од вашиот љубовен живот и со оглед на актуелните планетарни можности, морате да бидете крајно внимателни во односите со спротивната страна. Очигледно е дека љубовта ви е постојано во главата, но не смее да ви ја одземе внимателноста: не треба да паѓате во замка.
Здравје – Обидете се психолошки да бидете постабилни.
Скорпија
Работа – Овој месец најдобро ќе поминете ако се впуштите во склопување на договори. Партнерските односи ќе ви бидат на одлично ниво, особено ако бизнис партнерот е во знакот на Бик или Лав. Бидете спремни да преземете ризик: ако биде успешен, и тоа како ќе имате одлични придобивки. Доколку добиете повик од странство, добро би било да направите се` што е во ваша моќ за да му удоволите на оваа личност бидејќи е важна за вашиот бизнис.
Љубов – Владетелот на вашето поле се наоѓа во куќата на пријателот, што би можело да значи дека не треба да ја мешате љубовта со пријателството. Луѓето во знакот на Девица и Бик се ваши потенцијални партнери. Ќе биде невозможна мисија да ѝ пријдете на личноста доколку не се вооружате со вашата прекрасна и заводлива насмевка.
Здравје – Ослободете се од стресот и вашето здравје ќе биде одлично.
Стрелец
Работа – Клучната работа за вашата професија е задржување на комуникацијата. Држете се понастрана од луѓето со желба да доминираат и да покажуваат авторитет или оние во знакот на Лав, Стрелец и Риби, и се` ќе биде под контрола. Планетарните можности ви даваат поддршка на работно поле, но вие мора да се потрудите ова да го заслужите.
Љубов
Почетокот на мај може да ви донесе една голема љубов. Врската во која сте во овој период може да биде проблематична, ако упорно се обидувате да го добиете од вашиот партнер она што тој не е во состојба да го стори. Трпението е единствениот лек овде. Со текот на времето и без притисок, ќе имате повеќе среќа. Во средината на март има тековни помирувања, состаноци со старите симпатии и партнери. Не се надевајте на помирување на првиот состанок. Пристапете топло, пријателски и очекувајте значително подобрување во односите, што доведува до конечно помирување.
Здравје – Балансирајте во исхраната.
Јарец
Работа – Со присуството на Сонцето и Венера во вашата куќа, ова е најдобриот пат за реализирање на финансиите. Тоа подразбира и претходно склопување на договори, па подоцна и негова реализација. Вашиот претприемачки дух, ако го имате, би можел да ги надмине сите неповолни неприлики и да ви донесе професионален чекор на подобро. Упорноста и непоколебливоста во решавањето на проблеми се вашите главни адути.
Љубов – Љубовта во текот на овој месец ќе расцвета. Сепак, поради ретроградниот Меркур, морате да бидете внимателни во комуникацијата со партнерот и потолерантни од вообичаено. Бикот и Лавот се вашите фаворити во случај да барате нов партнер. Доколку веќе имате партнер, добро би било да седнете и да разговарате со проблемите кои ги одолговлекувате веќе подолго време.
Здравје – Проблеми со стомакот.
Водолија
Работа – Владетелот на вашата кариера моментално е ретроградниот Марс кој престојува во куќата на заработка од професијата. Некои чекори ќе бараат дополнителни трошоци. Стрелците и странците кои не се под ваша контрола, а на кои ќе морате да се навикнете, ќе го држат конецот од вашиот успех, па добро би било да бидете во добри односи со нив.
Љубов – Нема да бидете задоволни со вашиот партнер. На почеток ќе ги избегнувате расправиите, меѓутоа добро би било да се соочите за да не дојде до сериозни проблеми кои подоцна нема да можете да ги решите. Овој период може да ја сретнете поранешната љубов, но воглавно не е добра идеја да ги подгреете старите страсти.
Здравје – Доста изгубена енергија на работен план со што ќе се чувствувате заморени.
Риби
Работа – Поради Сонцето во вашата куќа на комуникации, ова нема да биде ни малку лесен месец, кога станува збор за работата. Можни се несогласувања со вашиот бизнис партнер од кој ќе зависи вашиот успех, особено ако е во знакот на Овен, Јарец или Скорпија. Не дозволувајте неуспехот да ве обесхрабри.
Љубов – Мај ветува нови можности и задоволства, особено во втората половина на месецот кога ве очекува значаен настан или промена на моменталната состојба. Комуникацијата ќе ја игра клучната улога за вашиот љубовен живот, како и патувањата и интелектуалните цели.
Здравје – Анксиозност, депресија и стрес.