Овен
Работа – Насочете се кон решавање на она што не стигнавте да го извршите во текот на минатиот месец и она што од некоја причина сте морале да го одложите. Обрнете повеќе внимание на конкуренцијата во работата, како и на сето она што би можело да ви пречи. Ќе ви недостига мотивација и ќе ви биде забавен напредокот во реализацијата на она што сте планирале да го постигнете. Добро би било темелно да истражите каде би можело да дојде до пропуст од ваша страна.
Љубов – Ќе сакате нешто да скриете од партнерот. Вашето чудно однесување ќе предизвика сомнеж кај него, што може да доведе до несогласувања и влошување на односите. По некое време на напнатост, конечно ќе излезете од фазата на молчење и ќе ги надоместите деновите кога сте биле повлечени. Ако сте слободни, ве очекува средба со поранешна љубов, а тоа ќе ви ги пробуди старите чувства.
Здравје – Неопходна ви е поголема физичка активност.
Бик
Работа – Ќе бидете цврсто решени да ја проширите вашата професионална дејност и за таа цел ќе преземете конкретни чекори, но ќе имате потешка координација со соработниците. Концентрацијата ќе ви биде ослабена, па вниманието ќе го насочите на помалку важни работи и ќе правите пропусти. Нема да можете јасно да ги согледате вашите приоритети. За среќа, ќе успеете да ги пребродите почетните проблеми, па ќе имате подобар преглед на сето она што е важно да се организира.
Љубов – Комуникацијата со саканата личност ќе биде отежната на почетокот од април. Нема да можете да се усогласите во врска со меѓусебните потреби. Кон средината на април ќе бидете креативни во смислување заеднички моменти со партнерот. Заедничко патување или излет на некоја туристичка дестинација што и двајцата веќе подолго време сакате да ја посетите би бил полн погодок. Потребна ви е заедничка забава и квалитетна промена во заедничките активности. Оние што се слободни ќе чувствуваат потреба за влегување во сериозна врска.
Здравје – Здравјето ќе ви биде стабилно во првиот дел на април. Избегнувајте стресни ситуации.
Близнаци
Работа – Овој месец ќе ви се разјаснат работите и ќе знаете со кого можете да се договорите, а договорот да биде испочитуван, и во кого не треба повеќе да имате доверба и треба да ја прекинете соработката. Ќе имате тешки и неуспешни разговори и преговори со клиентите и бизнис-партнерите. Овој месец ќе ви помогне да ги пребродите тешкотиите на полето на важни проекти и да соберете средства за започнување нови бизниси, како и за инвестирање во нешто ново, што не ви е непознато и за кое имате големо искуство.
Љубов – Избегнувајте повлеченост и инертност во вашата врска. На вашиот партнер му е потребна поголема иницијатива од ваша страна, поголема комуникација и конструктивни предлози во врска со заедничките планови и активности. Наместо тоа, вие ќе бидете склони да одолжувате, да се жалите дека сте преоптоварени со обврски. Ќе ви недостигаат идеи, па сето ова ќе доведе до заладување на односите. Во втората половина на април избегнувајте чести излегувања и гледање со пријателите без саканата личност бидејќи тоа ќе придонесе за недоверба.
Здравје – На почетокот од месецот имунитетот ќе ви биде во пад и здравјето ќе ви биде чувствително.
Рак
Работа – Месецот ќе ве натера уште еднаш внимателно да ги разгледате вашите планови за претстојните работни задачи и да ги поправите пропустите. Ќе ви биде потребна реорганизација во начинот на работа, па ќе постигнете поголем успех на полето каде што ви беа доделени поодговорни задачи. Вашиот авторитет и способноста ефикасно да решавате комплицирани работни задачи ќе се подобрат во споредба со претходниот период. Договорите со бизнис-партнерите ќе ви бидат отежнати и ќе бараат повеќе внимание, како и вложување напори.
Љубов – Ќе направите поголема блискост во односот со саканата личност и помеѓу вас ќе се пробуди страс на која не сте обрнувале доволно внимание. Ќе ви пречи тоа што нема да можете да се договорите и согласите за некои заеднички цели. Избегнувајте конфликти. Потребна ви е емотивна топлина. Оние што не се во брак или врска ќе запознаат личност што магнетно ќе ги привлече и кон која ќе почувствуваат силна привлечност. Помеѓу нив веднаш ќе се појави хемија.
Здравје – На полето на здравјето ќе имате проблеми со хормоните.
Лав
Работа – Првите денови од април бидете внимателни во давањето услуги бидејќи ќе наидете на проблеми. Може да дојде до недоразбирање и незадоволство од страна на клиентите или нарачателите на услуги. Сепак, кон 7 април ќе ви се отвори можност да реализирате напредок во еден важен и долгорочен проект што може да ви донесе подем во кариерата. Успехот ги очекува оние што работат во областите на индустријата, градежништво, угостителство и прехранбена индустрија.
Љубов – Вие и вашата сакана личност ќе бидете доста сложни во врска со заедничките цели и акции. Бидете внимателни со договорите и комуникациите бидејќи ќе наидете на недоразбирања. На полето на емоциите ќе умеете да го дадете она што е потребно, а тоа ќе ви донесе стабилност. Настојувајте да го одржувате постигнатото на потребното ниво – така и двајцата ќе бидете задоволни. Во втората половина на април ќе доживеете промени, нешто ново во односот со партнерот што би можело да претставува освежување во врската.
Здравје – Вашиот имунитет ќе биде силен и стабилен, што ќе ви донесе добро здравје.
Девица
Работа – Во текот на април ќе ви се даде одлична можност да почнете нешто ново што би можело да биде и приватна работа, но и проект што од вас ќе бара да бидете креативни и сами да го смислите. Овој проект ќе ги опфати областите на забавата, естрадата, угостителството и просветата. Ако се занимавате со проектирање, на пример, архитект или дизајнер, ќе бидете во можност да започнете важен проект што може да биде изработка на забавен или угостителски објект или научен центар. Тоа ќе ви донесе и напредок во кариерата. Кон крајот на месецот ќе успеете да дојдете до стабилна финансиска позиција.
Љубов – Ќе бидете нерасположени на почетокот од април и нема да имате доволно време за саканата личност. Ќе дојде до заладување на односите и недоразбирања. Ќе ве гризе совеста и нема да имате желба да му се доверите на партнерот. Кон средината на април вашите односи ќе бидат потопли. Ако сте слободни, ќе запознаете личност што на прв поглед нема да ви се допадне, но подоцна ќе откриете дека е како создадена за вас.
Здравје – Ќе бидете подложни на вирусни инфекции.
Вага
Работа – Посветете внимание на односите со бизнис-партнерите на почетокот од април. Нема да можете да се согласите околу начинот на изведување заеднички работи и околу тоа кој ќе го преземе поголемиот дел од одговорноста. Додека не довршите еден актуелен проект што е во завршна фаза, не е мудро да почнете ништо ново бидејќи уште на почеток ќе имате големи проблеми. За завршување комплицирани задачи ќе се потпрете на интуицијата бидејќи ќе ве води кон целта.
Љубов – Ќе можете појасно да ги согледате потребите на вашиот партнер. Ќе се потрудите да ги поправите грешките и недоразбирањата од претходните периоди, но тоа нема да биде лесно бидејќи долго време сте одложувале за да се занимавате со важни заеднички работи. Во втората половина на април ќе имате поголема усогласеност и доверба. Страста ќе се обнови и тоа ќе ве зближи. И двајцата ќе чувствувате потреба за романтични заеднички моменти и заемни нежности.
Здравје –Треба повеќе да движите.
Шкорпија
Работа – Контактот со луѓе што се од вашата професија ќе ви користи во текот на април. Настојувате да се поврзете со колегите за да бидете во тек со тоа што е актуелно и во тренд, бидејќи тоа ќе ви помогне да останете конкурентни на пазарот и да ја подобрите вашата понуда. Посебен акцент ќе ставите на работното опкружување. Сè повеќе почнувате да сфаќате дека не можете да функционирате добро на работа ако сте опкружени со луѓе што ви пречат, со кои не делите слични идеи и ритам на работа.
Љубов – Потребни ви се поддршка и чувство дека сте сакани и потребни некому. Тоа ќе ве мотивира повеќе да се посветите во односите со брачниот или емотивниот партнер и на прво место да ги ставите неговите/нејзините потреби. Вашиот партнер ќе биде пријатно изненаден со вашата грижа бидејќи тоа не го покажувате често на толку очигледен начин. Ако сте слободни, ќе бидете отворени за флерт, но повеќе ќе ви одговара забавата отколку нешто сериозно на љубовно поле.
Здравје – Вашата виталност ќе биде зајакната, па потрудете се така да остане.
Стрелец
Работа – Ако се занимавате со некој вид услуги, како угостителство, занаетчиски или консултантски услуги или сервисирање и поправки, овој месец ќе ви биде значаен по тоа што вашите услуги ќе бидат повеќе барани. Уште во првиот дел на април ќе сфатите дека е неопходно нешто да подобрите во организацијата, планирањето и начинот на вашата работа, како и во односите со колегите на работа. Обемот на вашите обврски ќе биде зголемен, па ќе ви биде тешко да стигнете да направите сè во планираниот рок.
Љубов – Заедничките моменти со саканата личност ќе бидат насочени кон работа и реализирање на заедничките цели. Нешто што долго време го одложувате, сега конечно ќе може да се реализира бидејќи и двајцата ќе се согласите и ќе се потрудите. Ќе си бидете потпора и поддршка еден на друг, што ќе доведе до зајакнување на близината. Ќе имате повеќе време еден за друг. Ќе ви годат разговорите за теми што ги сакате, особено затоа што во последно време немавте време бидејќи и двајцата бевте зафатени со обврски. Слободните стрелци ќе бараат партнери кои се ексцентрични и авантуристи.
Здравје – Ќе бидете подложни на настинка, вирусни инфекции и чувствителност на полен, што може да предизвика алергии.
Јарец
Работа – Се чувствувате добро, а тоа прави да сте љубезни и пријатни во комуникацијата. Искористете го овој период да ги обновите контактите со луѓето со кои претходно сте имале добра соработка и со кои лесно наоѓате заеднички интереси. Идеите и предлозите за кои размислувате подолго време или кои претходно сте се обиделе да ги претставите, но не оставиле доволно впечаток кај соговорниците, сега имаат поголеми шанси да бидат прифатени. Овој пат соговорниците нема да ги привлечат вашите предлози, туку начинот на кој сте ги изнеле.
Љубов – Заедничкото време со саканата личност ќе ви биде поважно од постојаната посветеност на работа и животните цели. Излегувањата со партнерот на кино, театар, концерт или на излет ќе ви бидат извор на позитивна енергија, ќе ве мотивираат и ќе ве направат ведри и полни со иницијатива. Ќе бидете попосветени на семејството. Ќе имате доволно време за интимни моменти, кои ќе ве зближат и ќе ви го подобрат односот.
Здравје – Променливо и чувствително. Хранете се поздраво.
Водолија
Работа – Подобрата комуникација ќе ви помогне појасно да ги согледате причините за застој и недоразбирање што сте ги имале во врска со важни договори во претходниот период. Ќе ги проверите и вашите планови во кои ќе откриете пропусти, па ќе ги поправите. Сето тоа ќе ви помогне подобро да се организирате и да почнете да се подготвувате за реализација на нови проекти што чекаат некое време да дојдат на ред. Избегнувајте преговори зад затворени врати и обрнете внимание на конкуренцијата, која ќе се обиде со сплетки да ви нанесе штета.
Љубов – Ќе бидете во можност да ги согледате потребите на саканата личност и да ја подобрите блискоста. Ќе водите разговори за заеднички планови и ќе бидете подготвени на саканата личност да ѝ излезете во пресрет во врска со некои предлози за квалитетни промени во вашиот живот. Потребна ви е поголема динамика. Ако сте слободни, ќе чувствувате потреба да останете слободни и добро да се забавувате. Нема да ве привлекува влегувањето во врска, особено не во сериозна. Ќе ве привлече некој што не е слободен, но сака авантура.
Здравје – Зглобовите ќе ви бидат чувствителна точка.
Риби
Работа – На почетокот од месецот потребно е да обрнете поголемо внимание на односите со соработниците. Можен е почеток на нова долгорочна и плодна соработка. Ќе се појават несогласувања поради нејасни договори и нерешени финансиски прашања. На 7 април ќе успеете да ги пребродите тешкотиите и ќе постигнете задоволувачки договор, со што ќе ги зацврстите односите со соработниците. Ќе постигнете голем успех ако се занимавате со енергетски ресурси, инженеринг или ИТ-технологија. Бидете внимателни на полето на меѓународна трговија, економија и банкарство.
Љубов – Појасно ќе ги согледате вредностите на вашиот партнер и ќе откриете што е потребно за вашиот однос да стане поквалитетен. Несогласувањата ќе настанат од причина што повеќе внимание ќе им обрнувате на пријателите отколку на саканата личност. Ако сте слободни, личноста што ви се допаѓа и со која сте сакале да започнете нова емотивна врска ќе ви изгледа затворена, а вашите обиди подобро да се запознаете и да се зближите ќе наидат на некој вид отпор.
Здравје – Зајакнете ја исхраната со влакна и витамини. Јадете свеж зелен зеленчук, како зелена салата, спанаќ, блитва и брокули.