Овен (21.03.-21.04.)
Работа: Доколку работите, ќе имате можност да добиете атрактивни задачи преку кои ќе можете да ја изразите својата креативност, што ќе поттикне ентузијазам за работа и амбиција.
Љубов: Август не е премногу романтичен период. Вредностите во врската ќе значат одговорност, соработка, заеднички ангажман во секојдневните задачи и активности. Љубовниот живот на овните кои се во врска или брак ќе поминува низ конструктивен период. На крајот на месецот работите ќе бидат подобри.
Здравје: Добро.
Бик (21.04-21.05)
Работа: Август е одличен месец за уметнички цели, но исто така и за активности кои се поврзани со знаења, промоција, публицитет, забава или спорт.
Љубов: Август е поволен за покажување на љубовни чувства на полиберален начин, без разлика дали сте официјално во врска или не. Покажете ја вашата романтична страна и разбудите ја хибернацијата на своите страсти и фантазии. Најдете време да експериментирате и да бидете авантурист.
Здравје: Настинка.
Близнаци (22.05.-21.06.)
Работа: Во текот на август сé ќе се врти околу соработка и партнерските односи. Ќе се соочувате со нефлексибилни луѓе што може да доведе до прекин на соработката.
Љубов: Август може да биде комплициран за близнаците. Можни се компликации со партнерот. Време е да превземете акција и да донесете одредени заклучоци. Воздржете се од импулсивни реакции и осудувања.
Здравје: Стрес.
Рак (22.06.-22.07.)
Работа: Пренатрупан распоред или непријатни задачи во тешки услови. Охрабрувачки е тоа што можете да заработите повеќе пари.
Љубов: Ве очекуваат обврски, напорна работа и труд, доколку сакате вашата врска да успее. Задоволство ве очекува преку патување, комуникација или заеднички интелектуални цели.
Здравје: Алергии.
Лав (23.07.-23.08.)
Работа: Август е важен месец за вашите финансии. Ова е идеален период за анализирање на ситуацијата, но ве советуваме важните одлуки да ги донесувате после 22 септември.
Љубов: Страсти кои можат да создадат турбулентни љубовни афери и скандали. Очекувајте топол месец во кој нема ви недостасува емоционална исполнетост.
Здравје: Внимавајте на повреди.
Девица (23.08.-22.09.)
Работа: Среќа и голем потенцијал за успех. Ве очекува остварување на поголеми планови, склучување на нови договори, соработки и покажување на таленти.
Љубов: Ова е среќен месец за девиците. Во врската очекувајте значајни настани, се разбира, позитивни. Ве очекува нова врска, а доколку се наоѓате во сериозна врска или брак, односот со вашиот партнер ќе биде подобар, посмешен, попозитивен.
Здравје: Одлично.
Вага (23.09.-23.10.)
Работа: Август не е поволен месец за вагите кога станува збор за работа. Ве очекуваат потешкотии со концентрацијата и пасивност. Анализирајте ја вашата ситуација и донесете одредени заклучоци. Бидете внимателни кога станува збор за пари, бидејќи август не е дарежлив месец.
Љубов: Во текот на август нема да ви биде лесно да ја одржите хармонијата во односите. Обидете се заеднички да инвестирате во вашата врска. Ова е период на смиреност и сериозна дискусија и за заедничките планови.
Здравје: Слаб имунитет.
Шкорпија (23.10.-22.11.)
Работа: Некои шкорпии ќе се соочат со проблеми поради тврдоглавост и нефлексибилност кога станува збор за важни прашања.
Љубов: Август е одличен месец за љубов. Љубовта може да дојде од далеку, доколку патувате, а исто така и преку социјалните настани. Ако веќе сте во врска, во текот на август можете да очекувате многу забава и добро расположение.
Здравје: Добро.
Стрелец (22.11.-21.12.)
Работа: Среќата е на ваша страна, ќе имате нови можности и поволни околности. Ќе добиете пофалби, награди.
Љубов: Вашиот љубовен живот и интересите на партнерот се тесно поврзани со вашата кариера, социјалниот статус и истакнатите личности. Стрелците ги очекува среќа и емоционална исполнетост.
Здравје: Повреди.
Јарец (22.12.-20.01.)
Работа: Ве очекуваат неочекувани настани, добри или лоши. Во секој случај, треба да размислите за одлуките што ги направивте во односот на финансиите. Успех во бизнисот доаѓа преку активности кои треба да ги направите во странските земји.
Љубов: Ве очекува љубов на далечина или романтични патувања. Во текот на август вашиот љубовен живот нема да биде одвоен од материјалните вредности, кои можат да создадат одредена тензија.
Здравје: Повреди.
Водолија (20.01.-19.02.)
Работа: Во август ќе ги имате сите потребни работи за постигнување на професионални цели: поддршка, заштита, поволни околности и среќа. Август е динамичен месец за вашите финансии.
Љубов: Ќе имате потреба да освојувате и да дејствувате повеќе енергично. Сепак, анализирајте ги своите емоции и достигнувања до сега и пронајдете го проблемот.
Здравје: Добро.
Риби (20.02.-20.03.)
Работа: Поставете си нови цели. Успехот ќе зависи од соработката со другите луѓе, клиентите и различните социјални контакти. Финансиската ситуација ќе зависи од работните одлуки, развиената стратегија и брзото дејствување.
Љубов: Љубов, среќа, заеднички достигнувања – вака ќе изгледа август за рибите. Емоционалната исполнетост ќе ја добиете преку среќни околности. Комуникацијата е од особено значење за љубовниот живот на рибите во овој период.
Здравје: Добро.