МЕРАКЛИЈА ЗА ХАМБУРГЕРИ: Трамп се здебелил

by Тони Зографски

Претседателот на САД, Доналд Трамп во последниве две години доби на тежина, но е во добро здравје, се вели во медицинскиот извештај на претседателот.

Како голем вљубеник на хамбургерите и месото лани Трамп беше предупреден од докторите да го замени начинот на исхрана и да почне да вежба. Спрема ланската директива од докторите американскиот претседател требало да изгуби од 5 до 7 килограми. Во тоа требаше да му помогне и неговата главна рекреација, голфот.

Инаку, 72-годишниот Трамп е тежок 110 килограми и поради зголемената маса постои ризик од срцево заболување и опасност од рак.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com