Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ не игра на Европското првенство поради повреда, а паузата ја искористи за крстарење по Медитеранот.
Нормално, Ибра и натаму ја промовира музика oд Балканот, па по „Јутро је“ на Нада Топчагиќ сега на ред дојдоа песните на Аца Лукас кој можат да се слушнат од неговата јахта вредна дваесетина милиони евра.
Во моментот, Швеѓанецот со босанско потекло е на одмор со сопругата Хелена, а во едно од видеата на Инстаграм Ибрахимовиќ ужива во позната песна на Лукас – ”Pesma od bola”.
Инаку, од претходно Златан е познат по тоа што сака да слуша фолк музика, па неодамна на Сан Ремо го пречекаа со хитот „Јутро је“ на Нада Топчагиќ.
Comments are closed.