Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани не си заминала со празни раце од Србија. Таа со себе понела неколку сувенири, а за татко и спремила џимиринки и две литра домашна ракија.
– Тифани сакаше да го израдува татко и со специфичен подарок и верувам дека тој ќе се изненади. Исто така за најблиските купи неколку сувенири карактеристични за Белград, а за Доналд купи вистински мераклиски подарок. Нејзиниот дечко Мајкл о предложи да му купи од ракијата што првата вечер ја пиеле во Скадарлија. Од хотелот и предложиле да купи џимиринки, бидејќи обично туристите кога заминуваат од Србија ги купуваат – вели соговорникот и додава:
– На Тифани утрината и беа донесени две шишиња ракија, литро ракија од сливи и литро ракија од дуњи, како и пола килограм димени џимиринки. Иако производите стигнаа од домаќинска куќа тие беа добро проверени. Тифани задоволна го напуште Белград и рече дека повторно ќе се врати.