Хрватската пејачка Северина Којиќ (48) и нејзиниот сопруг Игор Којиќ (33) се разделени подолго време. Последните месеци таа го поминуваше најголемиот дел од своето време во Хрватска, а Игор е во Србија.
Пред неколку месеци се шушкаше дека бракот на пејачката Северина (48) и нејзиниот сопруг Игор Којиќ (33) завршил. Дека е тоа така, не може да се каже со сигурност затоа што тие никогаш не го објавиле тоа, но објавите на социјалните мрежи сведочат со месеци дека парот е разделен, бидејќи се на различни адреси на живеење.
Според српскиот магазин Stars Северина пронашла нова љубов. Споменатиот таблоид тврди дека Севе е во врска со десет години помладиот сопственик на винарија, Томислав Воштиниќ.
Сите се сомневаа дека нешто чудно се случува кога сите од семејството Којиќ, односно таткото на Игор, Кеба, неговата сопруга Оља и сестрата на Игор, Наташа, престанаа да ја следат Северина на социјалните мрежи. Сите го сторија тоа, освен 33-годишниот Игор.
Самиот Кеба неодамна проговори за нивната врска за српските медиуми.
Не знам каде се, ниту па знам каков е нивниот однос. Тие се возрасни луѓе и претпоставувам дека знаат, и секогаш знаеле што да прават. Од друга страна, сè што прават, си прават на себе, рече тој.