Хрватската фудбалска легенда Златко Цицо Крањчар почина денес во Загреб на 64-годишна возраст по кратко и тешко боледување.
Смртта на фудбалската легенда на Динамо брзо се прошири во спортската јавност во Хрватска и регионов. Еден од првите што ја дознал веста за „својот“ играч беше легендарниот тренер и селектор на „коцкестие“ Мирослав Ќиро Блажевиќ кој ја примил со голема болка и разочарување.
-Не можам да станам од кревет од шок. Не знам што да кажам. Пред некој ден се слушнав со неговиот лекар. Знаев дека е слаб, но не претпоставував дека здравствената состојба у е толку лошо за да си замине. Сите чекаат јас да заминам, а не тој. Мене ми беше редот, а не нему. Страшно !. Нема и неможам што повеќе да кажам за Цицо, – изјавил Ќиро кој бил готов да се расплаче, за хрватскит медиуми.
Инаку, Ќиро Блажевиќ изминатиов месец наполни 86 години. Тој го предводеше Динамо од 1980 до 1983 година, a Крањчар беше еден од главните играчи во тимот кој во 1092 година стана шампион на тогашната Југославија.